УСЛУГИ

raka

Дали сте свесни дека бројот на лица што страдаат од автоимуни заболувања е во драматичен пораст? Постојаниот стрес и живеењето во токсична, загушлива средина со голем број загадувачи ги предизвикуваат одбрамбени механизми на нашето тело повеќе од кога било. Автоимуните заболувања  кумулативно станаа 3-то рангирана причина за смртност во светот со над 250 милиони заболени лица ширум светот!

При кое било автоимуно заболување, како мултиплекс склероза, псоријаза, ревматоиден артритис, лупус, Хашимото хипотироидизам или друго, преоптоварениот и престимулиран имун систем погрешно ги интерпретира вродената и стекнатата толеранција на организмот и ги активира воспалителните автоимуни механизми кои може да дејствуваат врз различни ткива од организмот и да ги оштетуваат. Класичната медицина сè уште нема пронајдено лек за овие заболувања! Таму третманите се темелат на антиинфламаторни лекови кои треба да ги смират акутните воспаленија или имуносупресивни лекови чија цел е да ги модулираат механизмите на имуниот систем со едноставно блокирање на имуниот одговор.

Постојат неколку главни фактори во појавата и прогресот на автоимуните заболувања. Тие ги вклучуваат генетската предиспозиција, хроничниот стрес, хроничниот недостаток на нутриенти како и загадувачите од животната средина и патогените организми кои можат да предизвикаат развој на патолошки зголемена цревна пропустливост (синдром на пропустливи црева) што е предуслов  за развој на автоимуните болести. Зголемената цревна пропустливост им овозможува на различни тригери во организмот да активираат автоимуни механизми што може да се манифестира со најразлични симптоми низ целото тело.

Дали се соочувате со некои од наведените симптоми

  • Хронична болка
  • Замор
  • Менструални проблеми
  • Астма или алергии
  • Егзема или исипи
  • Дигестивни проблеми
  • Болки во зглобовите
  • Хронични главоболки
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Замаеност, неориентираност, слаба концентрација и друго...

и за да оздравите и да се чувствувате добро сакате природни решенија, тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА АВТОИМУНИ ЗАБОЛУВАЊА е за вас?

Програмата за автоимуни заболувања е базирана на специфични протоколи со елиминациски диети, со кои од храната или од животната средина  се отстрануваат сите потенцијални тригери на автоимуните механизми и се фокусираат на решавање на клучните сегменти, како:

  • Поддршка и балансирање на одговорот на организмот кон стрес;
  • Елиминација на потенцијалните патогени тригери (како кандида, паразити и др.);
  • Лечење на зголемената цревна пропустливост;
  • Подобрување на природната детоксикација на организмот;
  • Надополнување на постоечките нутритивни недостатоци, и
  • Регенерација на оштетеното ткиво.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; +389 70 35 55 82.

zeludnik

Лошите диететски навики, постојаното конзумирање процесирана храна преполна со адитиви и загадени земјоделски производи го изложуваат нашиот дигестивен систем на голем стрес. Таквата исхрана, во гастроинтестиналниот тракт создава воспаленија што ја нарушуваат дигестијата и ја инхибираат целосната апсорпција на нутриенти – создавајќи средина во која патогените микроорганизми како бактериите, габите и паразитите лесно се развиваат.

Постојат многу различни нарушувања на функциите на дигестивниот систем, почнувајќи од чиреви, колитис, синдром на иритабилни црева, појава на патогени бактерии, паразити или кандида во тенкото црево, различни нетолерантности на одредени видови храна, нарушување на работата на црниот дроб, камења во жолчката и др. И покрај различната етиологија, сите дигестивни нарушувања се многу непријатни, проследени со различни тегоби и симптоми, а што е најважно директно се поврзани со здравјето на мозокот, на имуниот систем и на други органи во телото. Всушност, многу луѓе немаат никакви конкретни симптоми на нарушување на работата на дигестивниот систем и не се свесни дека здравствените проблеми и специфичните тегоби кои ги чувствуваат во основа може да бидат предизвикани од некое дигестивно нарушување.

Дали се соочувате со некои од наведените симптоми

  • Непријатен здив;
  • Зголемени киселини;
  • Грчеви и болки во стомакот;
  • Подуеност и гасови;
  • Честа опстипација или дијареја;
  • Исипи и габични инфекции на кожата;
  • Проблеми со регулација на тежината;
  • Постојан замор и ниско ниво на енергија;
  • Иритабилност, депресија и промени во расположението;
  • Главоболки и слаба концентрација;
  • Проблеми со хормоните;
  • Проблеми со плодноста и друго....

и за да оздравите и за да се чувствувате добро сакате природни решенија,

тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА ДИГЕСТИВНИ НАРУШУВАЊА е за вас?

Во насока на решавање на основата на проблемите во гастроинтестиналниот тракт и целосно враќање на неговата функција, програмата за дигестивни нарушувања е поделена на неколку фази. Независно од тоа дали станува збор за бактериска, паразитска или габична инфекција, несоодветна секреција на дигестивни ензими и слаба дигестија, малапсорпција на нутриенти или друг проблем, важно е да се започне со намалување на севкупното оптоварување на цревата со патогени микроорганизми, потоа да се продолжи со лекување на гастроинтестиналната обвивка и целосно враќање на нејзината заштитна, секреторна и дигестивна функција. На крајот се завршува со додавање внимателно избрани нутриенти, од храната или како суплементи, кои ќе овозможат населување на цревата со симбиотска бактериска флора која, пак, ќе го врати капацитетот на интестиналниот систем потребен за целосна дигестија и апсорпција на нутриенти, елиминација на токсини и правилна функција на имуниот систем.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ;+389 70 35 55 82.

mozok

Милиони деца и возрасни луѓе се мачат со ментален замор, нефокусираност, потешкотии во учењето и во одржувањето внимание и концентрација, како и со севкупно слаби когнитивни функции. Појавата на дегенеративни когнитивни заболувања кај повозрасната популација и кај децата со аутистични состојби достигнува неочекувана бројка и создава огромен економски и социјален товар во развиените општества.

Голем број фактори од животната средина значително придонесуваат за ваквата состојба. Загадената животна средина и контаминираната храна во која недостасуваат нутриенти во комбинација со преголема консумација на процесирана храна и храна богата со шеќери, се основа за развојот на невролошките нарушувања кои спречуваат многу индивидуи да го достигнат целосниот потенцијал на нивниот мозок.

Дали се соочувате со некои од наведените симптоми

  • Депресија и нарушување на расположението;
  • Слаби перформанси и тешкотии со фокусирање;
  • Проблеми со вниманието и потешкотии во учењето;
  • Аутистичен синдром, недостаток на внимание или хиперактивност;
  • Лоша меморија и когнитивна функција(или семејна историја на деменција)
  • Алцхајмерова или Паркинсонова болест и друго...

и за да оздравите и за да се чувствувате добро сакате природни решенија,

тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА МОЗОЧНИТЕ ФУНКЦИИ е за вас?

Оваа програма ги зема предвид сите аспекти на здравјето кои може да ја нарушат функцијата на мозокот, од дисбалансот на нивото на шеќер во крвта, нутритивните недостатоци, функцијата на невротрансмитерите, до метаболизмот, присуството на токсини и па дури и дигестивните нарушувања кои може да влијаат врз работата на нервниот систем. Со програмата се дефинираат, а потоа и се  елиминираат сите главни стресори и тригери кои го оштетуваат мозокот и предизвикуваат воспаленија и се воведуваат диета со најдобра храна за поттикнување на функцијата на мозокот, суплементи и животни стратегии кои ги смируваат инфламациите, ја оптимизираат функцијата на мозокот, ги подобруваат меморијата и разбирањето, подмладувајќи го целиот нервен систем.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; 389 70 35 55 82

torzo

Со околу 9 милиони смртни случаи годишно на светско ниво канцерот претставува една од најчестите причини за смртност во сите развиени земји. И покрај постојаните медицински истражувања, развојот и тестирањето нови лекови и конвенционални медицински третмани, бројот на лица што се новодијагностицирани, оние што моментално се лекуваат или умираат од некоја форма на канцер е во постојан пораст.

Науката денес потврдува дека помалку од 15 отсто од сите видови канцер имаат докажана генетска основа. Ова укажува на фактот дека најголемиот број различни видови и форми на канцер се должат на метаболните абнормалности односно дисфункцијата на клеточниот метаболизам, продукцијата на клеточна енергија и неуспешниот имун одговор. Денешниот хаотичен начин на живот исполнет со секојдневен стрес, зголемен број загадувачи на воздухот и водата, а пред сè на земјоделските производи што ги консумираме, заедно со модерните прехранбени навики за консумација на многу шеќер, вештачки состојки и големи количини процесирана храна, постојано ги напаѓаат клетките во нашите ткива и го нарушуваат нашиот метаболизам, создавајќи токсична средина во организмот која овозможува да се создаде и да се развива канцер.

Дали вам или на некого од вашето семејство му бил дијагностициран канцер, се оперирал од некој вид канцер или примал конвенционална терапија за канцер како хемотерапија или радијација, тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА е за вас?

Начинот на живот, а уште повеќе секојдневниот избор на храна може да го помогне или да го спречи создавањето канцер во вашиот организам! Оваа програма ве учи како да креирате тело отпорно на болести со функционален имун систем кој го спречува создавањето канцер или неговата повторна појава. Програмата за малигни заболувања најпрвин се фокусира на елиминацијата на сите тригери и предизвикувачи на оксидативен стрес од животната средина и исхраната, кои го оштетуваат човечкиот организам. Паралелно на ова, таа помага организмот темелно да се исчисти од сите токсини, да се регулира и да се избалансира нивото на шеќер и киселост во ткивата и да ја хидрира и оксигенизира секоја клетка, што е основниот услов кој е потребен за обновување на здравиот клеточен метаболизам. За крај, програмата ги обезбедува сите витални нутриенти потребни за оптимална клеточна респирација и продукција на енергија во секоја клетка, што ги регенерира клетките и создава здраво ткиво во кое е тешко да се создаде канцер.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; + 389 70 35 55 82.

srce

Кардиоваскуларните болести се причина број еден за смртност во целиот свет! Секоја година околу 15 милиони луѓе во светот умираат од исхемична срцева болест и мозочен удар, кои се јавуваат како последица на проблемите во работата на кардиоваскуларниот систем. И покрај сите препораки на Светската здравствена организација и на други релевантни институции и здруженија, откривањето на нови дијагностички методи, лекови и третмани, бројот на лица кај кои е дијагностицирана или кои се погодени од некоја форма на кардиоваскуларно заболување постојано расте!

Зголемениот внес на трансмасти, процесирана и храна со додадени шеќери, заедно со консумацијата на месни и млечни производи од животни одгледани на конвенционален начин и ГМО земјоделски производи полни со пестициди, во комбинација со лошото справување со стресот и недостатокот од физичка активност, постојано создава инфламации кои ги оштетуваат крвните садови и срцето и ги оневозможуваат природните механизми за одбрана и за обнова на нашето тело. Со тек на времето овие здравствени предизвици доведуваат до развој на сите познати хронични кардиоваскуларни заболувања и нивна манифестација како покачен крвен притисок, високо ниво на масти, слабеење  и откажување на срцето, срцев или мозочен удар и други.

Дали се соочувате со некои од наведените симптоми

  • Сте прележале срцев или мозочен удар;
  • Висок крвен притисок (хипертензија);
  • Нерегулирано ниво на шеќер во крвта;
  • Зголемени нивоа на масти во крвта;
  • Згрутчување на крвта;
  • Хроничен замор и ниско ниво на енергија;
  • Нерегуларна работа на срцето, чести срцебиења и друго...

и за да оздравите и за да се чувствувате добро сакате природни решенија,

тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ И ОЗДРАВУВАЊЕ НА СРЦЕТО е за вас?

Оваа програма од животната средина и од исхраната ги елиминира сите инфламаторни тригери што предизвикуваат воспаленија и овозможува подобра регулација и активација на постоечките физиолошки заштитни механизми кои ги стабилизираат и балансираат нивото на шеќер во крвта и метаболизмот на мастите. Програмата за подмладување на срцето е изготвена да обезбеди оптимизација на клеточната исхрана и подобрување на оксигенацијата на клетките со цел да се обнови виталната ендотелијална функција, да се подобри циркулацијата и работата на срцето, со поддржување на физиолошките механизми кои ги зајакнуваат крвните садови, го подмладуваат срцето и ја одржуваат хомеостазата на целиот кардиоваскуларен систем.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; + 389 70 35 55 82

crn drob

Загадената животна средина и загадената храна резултираат со загадени организми. За жал, живееме во свет на опасно загадена животна средина, во која токсичните тешки метали, пестицидите и другите хемикалии постојано го загадуваат воздухот, водата и ланецот на нашата исхрана. Дури и во сопствените домови сме опкружени со токсични материјали. Испарувањата од мебелот, од ѕидовите, од пластиката, од козметиката и од средствата за чистење ослободуваат токсини кои навлегуваат во нашето тело и се акумулираат во ткивата. Дополнително, денес повеќе од кога било храната која ни се нуди е загадена со антибиотици, супстанции кои го стимулирираат нивниот раст, но и токсични адитиви, како на пример вештачки бои, вештачки ароми, засладувачи и конзерванси. Континуираното изложување на овие токсини ја оптоварува и ја поттиснува природната способност на нашето тело да се детоксифицира и да функционира со полн капацитет. Таквата состојба е огромен товар за сите наши ткива и предизвикува оксидативен стрес, пореметувајќи ја клеточната сигнализација, транспортот и продукцијата на енергија, што резултира со појава на хронични системски инфламации.

Дали се соочувате со некои од наведените симптоми

  • Постојано се чувствувате успорено и заморно;
  • Хронично сте без енергија и преморени;
  • Неочекувани промени во расположението;
  • Проблеми со кожата, исипи и алергии;
  • Дигестивни проблеми како подуеност, грчеви;
  • Опстипација или дијареја;
  • Тежина ви се зголемува и тешко го губите вишокот килограми;
  • Чувствувате дека метаболизмот ви е успорен;
  • Чувствувате замаеност и имате проблеми со меморијата и фокусот...

 и за да оздравите и за да се чувствувате добро сакате природни решенија,

тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА е за вас?

Оваа програма е составена од два дела. Првиот дел има за цел да ве научи успешно да ги идентификувате и да ги елиминирате токсините и загадувачите од вашата животна средина и од исхраната. Истовремено, вториот дел од програмата ве учи правилно да ги комбинирате оброците и виталните нутриенти што ги потикнуваат и ги зајакнуваат детоксификациските механизми на органите. Успешната и целосна детоксификација на организмот е многу повеќе од зголеменото хидрирање со вода и зелени сокови или подобрената ефикасност во празнењето на цревата. Таа бара структуирана активација на детоксификациските метаболни патишта  во повеќе различни органски системи, по специфичен редослед што обезбедува целосно отстранување на токсините и обнова на клетките и ткивата.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; + 389 70 35 55 82

Покрај нутриционистичките програми понудени погоре, исто така, на располагање сум и за консултации и за професионални совети за многу други хронични или акутни состојби кои може да го нарушат вашето здравје и добросостојба. Од остеопороза, заболување на бубрезите, преку состојби кои се предизвикани од хормонални нарушувања и пореметена работа на ендокриниот систем, па сè до потребата за подобрување на атлетските перформанси, регулација на телесната тежина или потреба од исхрана по специфичен генотип, базирано врз докажани научни и натуропатски решенија, изработувам персонализирани диететски планови чија цел е да ги обноват сите метаболни функции, и да ги лечат и да ги ревитализираат телото и умот, воспоставувајки баланс и добро здравје.

Закажување на термини и консултации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; + 389 70 35 55 82

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.