Автоимуни состојби

ПРОГРАМА ЗА АВТОИМУНИ ЗАБОЛУВАЊА

raka

Дали сте свесни дека бројот на лица што страдаат од автоимуни заболувања е во драматичен пораст? Постојаниот стрес и живеењето во токсична, загушлива средина со голем број загадувачи ги предизвикуваат одбрамбени механизми на нашето тело повеќе од кога било. Автоимуните заболувања  кумулативно станаа 3-то рангирана причина за смртност во светот со над 250 милиони заболени лица ширум светот!

При кое било автоимуно заболување, како мултиплекс склероза, псоријаза, ревматоиден артритис, лупус, Хашимото хипотироидизам или друго, преоптоварениот и престимулиран имун систем погрешно ги интерпретира вродената и стекнатата толеранција на организмот и ги активира воспалителните автоимуни механизми кои може да дејствуваат врз различни ткива од организмот и да ги оштетуваат. Класичната медицина сè уште нема пронајдено лек за овие заболувања! Таму третманите се темелат на антиинфламаторни лекови кои треба да ги смират акутните воспаленија или имуносупресивни лекови чија цел е да ги модулираат механизмите на имуниот систем со едноставно блокирање на имуниот одговор.

Постојат неколку главни фактори во појавата и прогресот на автоимуните заболувања. Тие ги вклучуваат генетската предиспозиција, хроничниот стрес, хроничниот недостаток на нутриенти како и загадувачите од животната средина и патогените организми кои можат да предизвикаат развој на патолошки зголемена цревна пропустливост (синдром на пропустливи црева) што е предуслов  за развој на автоимуните болести. Зголемената цревна пропустливост им овозможува на различни тригери во организмот да активираат автоимуни механизми што може да се манифестира со најразлични симптоми низ целото тело.

Дали се соочувате со некои од наведените симптоми

  • Хронична болка
  • Замор
  • Менструални проблеми
  • Астма или алергии
  • Егзема или исипи
  • Дигестивни проблеми
  • Болки во зглобовите
  • Хронични главоболки
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Замаеност, неориентираност, слаба концентрација и друго...

и за да оздравите и да се чувствувате добро сакате природни решенија, тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА АВТОИМУНИ ЗАБОЛУВАЊА е за вас?

Програмата за автоимуни заболувања е базирана на специфични протоколи со елиминациски диети, со кои од храната или од животната средина  се отстрануваат сите потенцијални тригери на автоимуните механизми и се фокусираат на решавање на клучните сегменти, како:

  • Поддршка и балансирање на одговорот на организмот кон стрес;
  • Елиминација на потенцијалните патогени тригери (како кандида, паразити и др.);
  • Лечење на зголемената цревна пропустливост;
  • Подобрување на природната детоксикација на организмот;
  • Надополнување на постоечките нутритивни недостатоци, и
  • Регенерација на оштетеното ткиво.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; +389 70 35 55 82.

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.