Кардиоваскуларно здравје

ПРОГРАМА ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ И ОЗДРАВУВАЊЕ НА СРЦЕТО

srce

Кардиоваскуларните болести се причина број еден за смртност во целиот свет! Секоја година околу 15 милиони луѓе во светот умираат од исхемична срцева болест и мозочен удар, кои се јавуваат како последица на проблемите во работата на кардиоваскуларниот систем. И покрај сите препораки на Светската здравствена организација и на други релевантни институции и здруженија, откривањето на нови дијагностички методи, лекови и третмани, бројот на лица кај кои е дијагностицирана или кои се погодени од некоја форма на кардиоваскуларно заболување постојано расте!

Зголемениот внес на трансмасти, процесирана и храна со додадени шеќери, заедно со консумацијата на месни и млечни производи од животни одгледани на конвенционален начин и ГМО земјоделски производи полни со пестициди, во комбинација со лошото справување со стресот и недостатокот од физичка активност, постојано создава инфламации кои ги оштетуваат крвните садови и срцето и ги оневозможуваат природните механизми за одбрана и за обнова на нашето тело. Со тек на времето овие здравствени предизвици доведуваат до развој на сите познати хронични кардиоваскуларни заболувања и нивна манифестација како покачен крвен притисок, високо ниво на масти, слабеење  и откажување на срцето, срцев или мозочен удар и други.

Дали се соочувате со некои од наведените симптоми

  • Сте прележале срцев или мозочен удар;
  • Висок крвен притисок (хипертензија);
  • Нерегулирано ниво на шеќер во крвта;
  • Зголемени нивоа на масти во крвта;
  • Згрутчување на крвта;
  • Хроничен замор и ниско ниво на енергија;
  • Нерегуларна работа на срцето, чести срцебиења и друго...

и за да оздравите и за да се чувствувате добро сакате природни решенија,

тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ И ОЗДРАВУВАЊЕ НА СРЦЕТО е за вас?

Оваа програма од животната средина и од исхраната ги елиминира сите инфламаторни тригери што предизвикуваат воспаленија и овозможува подобра регулација и активација на постоечките физиолошки заштитни механизми кои ги стабилизираат и балансираат нивото на шеќер во крвта и метаболизмот на мастите. Програмата за подмладување на срцето е изготвена да обезбеди оптимизација на клеточната исхрана и подобрување на оксигенацијата на клетките со цел да се обнови виталната ендотелијална функција, да се подобри циркулацијата и работата на срцето, со поддржување на физиолошките механизми кои ги зајакнуваат крвните садови, го подмладуваат срцето и ја одржуваат хомеостазата на целиот кардиоваскуларен систем.

Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; + 389 70 35 55 82

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.