Милиони деца и возрасни луѓе се мачат со ментален замор, нефокусираност, потешкотии во учењето и во одржувањето внимание и концентрација, како и со севкупно слаби когнитивни функции. Појавата на дегенеративни когнитивни заболувања кај повозрасната популација и кај децата со аутистични состојби достигнува неочекувана бројка и создава огромен економски и социјален товар во развиените општества.
Голем број фактори од животната средина значително придонесуваат за ваквата состојба. Загадената животна средина и контаминираната храна во која недостасуваат нутриенти во комбинација со преголема консумација на процесирана храна и храна богата со шеќери, се основа за развојот на невролошките нарушувања кои спречуваат многу индивидуи да го достигнат целосниот потенцијал на нивниот мозок.
Дали се соочувате со некои од наведените симптоми
- Депресија и нарушување на расположението;
- Слаби перформанси и тешкотии со фокусирање;
- Проблеми со вниманието и потешкотии во учењето;
- Аутистичен синдром, недостаток на внимание или хиперактивност;
- Лоша меморија и когнитивна функција(или семејна историја на деменција)
- Алцхајмерова или Паркинсонова болест и друго...
и за да оздравите и за да се чувствувате добро сакате природни решенија,
тогаш оваа ПРОГРАМА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА МОЗОЧНИТЕ ФУНКЦИИ е за вас?
Оваа програма ги зема предвид сите аспекти на здравјето кои може да ја нарушат функцијата на мозокот, од дисбалансот на нивото на шеќер во крвта, нутритивните недостатоци, функцијата на невротрансмитерите, до метаболизмот, присуството на токсини и па дури и дигестивните нарушувања кои може да влијаат врз работата на нервниот систем. Со програмата се дефинираат, а потоа и се елиминираат сите главни стресори и тригери кои го оштетуваат мозокот и предизвикуваат воспаленија и се воведуваат диета со најдобра храна за поттикнување на функцијата на мозокот, суплементи и животни стратегии кои ги смируваат инфламациите, ја оптимизираат функцијата на мозокот, ги подобруваат меморијата и разбирањето, подмладувајќи го целиот нервен систем.
Закажување термин за консултации и повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; 389 70 35 55 82