За мене

Во минатото, долго пред модерната наука да ги потврди биолошките концепти на природата и биохемиските реакции во човековото тело, нашите предци знаеле да го лекуваат и исцелат човековото тело и ум и мудро „ја користеле храната како лек и лекот како храна“. Денес, од физиолошки аспект знаеме дека секое човечко тело е составено од интегрирани органски системи кои работат во деликатна синергија, баланс и поддршка со цел да го овозможат животот и нашата благосостојба. Но, секоја индивидуа е различна, со различни генетски предиспозиции, сопствена историја на здравјето и единствени влијанија од животната средина и начинот на живот. Затоа, и покрај тоа што на сите им е потребна добро избалансирана исхрана, која ќе ги обезбеди барањата на човековиот метаболизам, секој од нас има индивидуални диететски потреби кои се однесуваат на специфичните предизвици на нашето здравје и кои му даваат поддршка на лично избраниот начин на живот. 

За жал, класичната медицина денес повеќе се фокусира на интервенција отколку на превенција, концентрирајќи се на симптомите наместо да ги бара причините за појавата на болеста! Мојата цел е да им помогнам на луѓето, да ги едуцирам и да ги водам да следат докажани натуропатски стратегии засновани на консумација на интегрални природни намирници кои ги обезбедуваат енергијата, информациите и структурните елементи неопходни за обнова на природниот физиолошки и енергетски баланс на човекот со цел да има здраво тело без болести, полно со виталност и предиспозиција за долговечност. Сакам да ги предизвикам и да ги мотивирам да ја откријат сопствената внатрешна сила за да направат стабилни промени во своето здравје и добросостојба, да ги поттикнам и да ги охрабрам  да го следат патот кон здрав живот којшто може да го достигнат, да го одржат и на кое можат да му се радуваат со целото свое битие. Сето ова може да се оствари само со користење на основните, научно докажани принципи на интегративната медицина и нутриционизмот, применети во персонализирани режими на исхрана и промени во начинот на живот кои одговараат на личната историја на здравјето и предизвиците на клиентот.

Откако паметам за себе храната играше важна улога во моето семејство. Ја негувавме тредицијата за собирање на семејството за речиси секој оброк. Моите родители ме научија да гo ценам квалитетот на природните намирници и основните нутритивни вредности на различните видови храна, како и потребните вештини и предностите на сопственото одгледување на храна. Уште како дете ја научив важноста на избалансираните, нутритивно богати оброци за нашиот раст и здравје. 

Подоцна во текот на моите тинејџерски години го открив интересот и љубовта кон спортското танцување, хоби кое прерасна во сериозен ангажман. Како долгогодишен натпреварувач и трикратен државен шампион во спортско танцување имав можност да посетувам многу предавања, да учам и да ги следам основите за исхраната на професионалните спортисти, што ми овозможи унапредување на квалитетот на мојот настап. Уште од периодот на спортско танцување постојано читав, истражував и го зголемував моето знаење за храната и исхраната, на почетокот од книги, а подоцна и со следење вебинари  и други едукативни содржини од интернет. Нутриционизмот стана интерес и вистинска страст во мојот секојдневен живот, а денес и самиот како родител сакам да ја споделам и пренесам мојата љубов кон храната и здравата исхрана на моето семејство, а особено на мојата ќеркичка од нејзината најрана возраст.

Во текот на изминатите години посетував и добив сертификати за неколку универзитетски курсеви за нутриционизам, овозможени преку интернет платформа, како:

  • Сертификат за завршен 5 неделен курс на тема „Храната, нутриционизмот и вашето здравје“ од програмата „Open 2 Study“, отворени Универзитети на Австралија, 2014;
  • Сертификат за завршен курс од 7 модули на тема „Основите на нутриционизмот“ од програмата на Texas A&M Agri Life Extension, понуден преку платформата на Coursera, 2014;
  • Сертификат за завршен курс на тема „Исхрана за деца“ од програмата на Texas A&M Agri Life Extension, понуден преку платформата на Coursera, 2014;
  • Сертификат за завршен 5 неделен курс на тема „Исхрана и готвење за деца“ од програмата на Универзитетот Станфорд од САД, понуден преку платформата на Coursera, 2014;
  • Сертификат за положен курс на тема „Превенција на остеопороза“ од програмата на Texas A&M Agri Life Extension, понуден преку платформата на Coursera, 2014;
  • Сертификат за завршен 5 неделен курс на тема „Спектар на аутистични нарушувања“ авторизиран од страна на „UC Davis Institute“ од УНиверзитетот на Калифорнија, САД и понуден преку платформата на Coursera, 2017.

Сакајќи да го надградам сопственото знаење и да ги осознаам информациите од професијата кои ми недостасуваа, на почетокот од 2015 се вклучив во двегодишна универзитетска програма за добивање со титулата Магистар по нутриционизам (на акредитираните студии по нутриционизам при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола). Извонредна академска програма за магистерски студии која комбинира предмети од човечката анатомија и физиологија, заедно со човечкиот метаболизам, биохемијата и хемијата на состојките во храната, вклучувајќи ја и науката за новата, функционална храна и биоактивните состојки во храната, технологијата за производство и процесирање на храната и др. Со задоволство може да кажам дека со највисоката оценка ги положив испитите и проектните задачи по сите предмети.

Дополнително, во текот на последните неколку години и периодот на последипломските студии, секоја година во континуитет следам повеќе годишни меѓународни конференции водени од страна на водечки светски имиња во областа на нутриционизмот и медицината  како: The Diabetes Summit, Thyroid Connection Summit, Fibromyalgia Summit, Medicinal Supplements Summit, Keto Summit, Detox Summit, The Digestive Sessions, Heal Your Gut Summit, Autoimmune Revolution Summit, Healthy Heart Summit, Autism Summit, Autism Recovery Summit, Autism Hope Summit, Alzheimer Awakening Summit, The Truth About Cancer, Women’s Vitality Summit, Hormone Balance After 40, Immune Defense и други.

Од дамнешни времиња маслиновото дрво е симбол на животот, на виталноста и на долговечноста. Навистина, маслиновите дрвја може да живеат многу долго. Најстарото маслиново дрво, старо околу 3.000 години се наоѓа на островот Крит, во Грција, а во селото Назаред во Израел некои маслинови дрва се стари над 400 години. Тоа, исто така, симболизира издржливост и надеж. Маслинката е силно дрво способно да преживее неподносливи жештини, суши и поплави. Но, пред сè, знаеме дека маслиновото дрво, неговата кора, листовите и плодот, маслинката, со векови се користат за нега и лечење.

Како рефлексија на маслиновото дрво – луѓето кои се грижат за своето тело и духот може да живеат витално и долговечно.  

 

Да се живее со целиот потенцијал на телото и на умот!

Внесете ги вашите информации и искористете ја можноста редовно да добивате совети за здравјето и исхраната, информативни е-писма,
можност да присуствувате на бесплатни предавања и други придобивки.



Изберете да го направите останатиот дел од вашиот живот најдобриот дел од вашиот живот!

Ве повикувам и ве охрабрувам да се приклучите на мојот „Клуб на здравје и виталност“ – заедница на луѓе кои сакаат да се грижат за сопственото здравје и здравјето на најблиските. Членството во клубот нуди единствена можност редовно да добивате совети за здравјето и исхраната, информативни е-писма, можност да присуствувате на бесплатни предавања и други придобивки. Изберете еден од двата понудени пакети за членство и подигнете го сопственото здравје на повисоко ниво. Уживајте во животот без болка, исполнет со енергија и виталност.

Користење на ОСНОВЕН пакет на членство:

  • Бесплатен електронски прирачник со професионални совети;
    (професионални совети и препораки како да го зајакнете имунитетот)
  • Неделно информативно, едукативно е-писмо;
    (практични, научно потврдени совети за одржување на здравјето и превенција од болести);
  • Две бесплатни предавања во месецот;
    (стручни предавања на теми врзани за исхраната во улога на превенција и третман на разни заболувања)
  • Следење на вашето здравје и консултации со практични препораки и совети;
    (кратки персонализирани совети за одржување на здравјето и регулирање на тежината)
  • 50% попуст за учество во едукативните работилници и предавањата организирани од страна на Центарот за здравје, исхрана и диетотерапија Drvoshanski NUTRITION.

Користење на ПРЕМИУМ пакет на членство:

  • Бесплатен електронски прирачник со професионални совети;
    (професионални совети и препораки како да го зајакнете имунитетот)
  • Неделно информативно, едукативно е-писмо;
    (практични, научно потврдени совети за одржување на здравјето и превенција од болести);
  • Две бесплатни предавања во месецот;
    (стручни предавања на теми врзани за исхраната во улога на превенција и третман на разни заболувања)
  • Континуирано следење на вашето здравје и добивање на целосни консултации со детални препораки и совети;
    (детални совети и препораки за вашата специфична здравствена состојба, секогаш кога за тоа имате потреба, можност за телефонски контакт во секое време)
  • Бесплатно учество во едукативните работилници и предавањата организирани од страна на Центарот за здравје, исхрана и диетотерапија Drvoshanski NUTRITION.

Дополнителни информации за пакетите и износот на членарината на тел: 070 35 55 82 или contact@drvoshanskinutrition.com

Сите кои сакаат да пристапат на клубот треба да испратат порака на contact@drvoshanskinutrition.com со содржина:
име и презиме, е-пошта и избор на пакет за членство.

Во добро здравје,

Сашко

Придружете ни се

ОЛЕА Природна козметика

Локација

©2024 Drvoshanski Nutrition. Сите права се задржани.